Претходна статија
Новиот „Мал Ринг“ збогатен со панорамско тркало
Следна статија
Камен темелник за зграда на Обвинителството и Финансиската полиција

Во Тетово ќе се гради театар и библиотека

Објавено на 09.10.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ВизуелизацијаПомеѓу Центарот за култура и поштата во Тетово треба да никне нов културно-образовен центар каде ќе се сместат театар и библиотека, како и училиште за јазици, мало кино, отворен амфитеатар и други културни и образовни содржини, а објектот ќе содржи и простории од комерцијален карактер. Со ова меѓудругото ќе сеВизуелизација реши долгогодишниот проблем на Тетовскиот театар и библиотеката „Кочо Рацин“, кои засега функционираат во Центарот за култура во несоодветни просторни услови. Проектот исто така предвидува подземен паркинг простор со капацитет за 221 возило. Изградбата се очекува да започне во април наредната година и да се реализира во рок од две години. Инвестицијата се проценува на околу 15 милиони евра. Автори на победничкиот конкурсен труд под работна шифра „Перде“ се „Архинг Груп“, односно архитектите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми, и Никола Стрезовски.


СитуацијаЛокацијата за изградба на објектот е тесно врзана со збиднувањата на градскиот плоштад и потесното опкружение. Контекстот на непосредната близина се состои од низа слоеви на хетерогени објекти со различни намени. Овој објект/комплекс на повеќе функции треба да се издвои од постоечката градската ткаенина. Воедно треба да допринесе во градење на ансамблот јавни објекти во поширока урбана морфологија. Потребата за густа градба и искористеност на локацијата навела до хибридизација и преплетување на три конструкти со различни Пресекнамени во едно тело. Градот ги надополнува културните збиднувања со анимирање на поширок круг на граѓани од различни возрасти и интереси, преплетувајќи ги во магијата на театарот и на книгата. Процесот на длабење во хоризонтален и вертикален план на зададеното тело овозможува да се откриваат простории кои ги зближуваат и сроднуваат функциите на овој комплексен објект со диверзифициран пакет на програми. Со вдлабнување и одземање на дел од телото оформен е отворен амфитеатар / плоштад, при што еден крак широки скали се спушта од фоајето и се отвара кон градот, со што се наговестува добредојдение. На овој начин објектот влегува во интеракција со субјектот.


Посетителите на театарот и библиотеката имаат директен пристап до соодветните простории преку главниот влез на оформениот плоштад, додека пристапот за вработени и персонал е одвоен од бочните страни. Другите Визуелизацијасодржини со намена од култура, образование и деловна дејност имаат посебен пристап кој функционира сосема одвоено од првичните содржини. Економскиот влез и рампата за подземните паркизни се сместени до постоечката рампа на Домот на културата, со што се овозможува непрекинато движење и промет Визуелизацијадалеку од главниот влез на театарот и библиотеката. Можна е и врска на двата соседни објекти во подземното ниво преку заедничката рампа.


Tелото е обвиткано од фасадна структура – завеса со различен и динамичен ритам на репетитивност во повеќе правци. Во различни простории со различнен ритам на завесата во различни мигови на денот има различен Визуелизацијаинтензитет на светло. Во исечокот од отворениот амфитеатар таа преминува во друго својство, потенцирајќи ја отворената природа на одземениот дел. Ваквата фасада игра голема улога и во природното уредување на микроклимата на просториите и заштеда на енергија.




Форумска дискусија за овој проект » овде