Градот Скопје ги почна активностите за уредување на малото и големото корито на реката Вардар, на потегот од Камениот мост до мостот „Слобода“. Долж целиот потег се чисти земјата и остатоците од градежен шут од околните објекти, а ќе се санираат и ѕидовите на коритото. Градските власти планираат партерно да го уредат просторот, да постават урбана опрема и да го обноват зеленилото. На овој потег ќе се постави и ново осветлување, за што Градот веќе има изготвено проект.
Откако ќе завршат градежните активности, предвидено е мајор коритото на реката Вардар да биде повторно отворено за пешаци и велосипедисти. Поради градежните работи од проектот „Скопје 2014“, граѓаните се приморани да се искачуваат со велосипед на плоштадот „Македонија“ и на Кејот, создавајќи непотребен метеж со пешаците.
» Форумска дискусија за коритото и кејот на Вардар низ Скопје