Претходна статија
Изградбата на ново училиште во Капиштец чека на потпис од Министерството за финансии
Следна статија
ДОМ бара сопирање на изградбата на „Настел Тафталиџе“

Градежниците имаат позитивни очекувања за претстојниот период

Објавено на 05.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Раководителите на деловните субјекти од градежниот сектор со позитивни очекувања за нивното работење во претстојниот период. Според податоците на Државниот завод за статистика, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,8 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2,3 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година. Очекувањата за вкупните порачки за градежни работи се непроменети, а очекувањата за бројот на вработени се дека истиот ќе се зголеми во наредниот период.

 

Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходните три месеци, а поповолна е и во однос на второто тримесечје од 2015 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со договори на нивните деловни субјекти се исто така поповолни во споредба со претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од 2016 година се над нормалата.

 

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21,4%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 16,1%, конкуренција во сопствениот сектор со 13,9% и нема побарувачка со 13,4%.