Претходна статија
ДОМ бара сопирање на изградбата на „Настел Тафталиџе“
Следна статија
Црквата „Св. Илија“ во Дојран готова до ноември, догодина ќе се гради наколна населба

„Урбан инвест“ ќе го гради „барокниот“ парк Жена борец

Објавено на 05.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо на Градскиот трговски центар (ГТЦ), новопоставената ограда во паркот Жена борец ќе треба да го промени ликот на овој култен парк во стилот на „Скопје 2014“. Градот Скопје денеска ги демантираше информациите дека почнува „барокизацијата“ на ГТЦ, наведувајќи дека оградата е поставена за вршење на градежни работи за реконструкција на паркот Жена борец. „Во наредниот период ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот, ќе се постави ново осветлување, ќе се реконструира зеленилото, а на крај ќе биде поставена и нова урбана опрема“ соопштуваат од Градот Скопје.

 

 

 

За изведувач на градежните работи на терен е избрана фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци. Од градската каса за оваа намена се издвоени околу 330.000 евра. Што точно ќе се поставува во паркот Жена борец не е познато, но претпоставките се дека претстојниот зафат ќе треба целосно да ја трансформира парковската површина во стилот на „Скопје 2014“. Паралелно со менување на фасадата на објектот на ЕВН, забрзано се врши промена на околниот јавен простор со кој би се изгубила просторната целовитост на Градскиот трговски центар со овој дел од центарот на Скопје.

 

Пред да започне реконструкцијата на паркот, на оваа локација се поставија нови спомен – обележја и скулптури, меѓу кои се споменикот на „Паднатите херои на Македонија“, Прометеј, спомен – обележјето од првото заседание на АСНОМ, спомениците на македонските бранители, на основачите на АСНОМ и на Кузман Јосифовски Питу.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk