Претходна статија
„Настел“ бара извинување од ДОМ за новиот објект во Тафталиџе
Следна статија
Градежниците имаат позитивни очекувања за претстојниот период

Изградбата на ново училиште во Капиштец чека на потпис од Министерството за финансии

Објавено на 04.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар ја информира јавноста дека е целосно подготвена за започнување со изградба на новото основно училиште во скопската населба Капиштец. Министерството за финансии треба да го одобри склучениот договор за кредит со Комерцијална банка, од каде ќе се обезбедат неопходните финансии за проектот. Претходно, локалните власти на 28 јули го доставиле до надлежното министерство договорот, со што сите обврски на општината се завршени.

 

 

 

„Нашите правни, административни и финансиски обврски се завршени. Почетокот на изградбата на новото училиште сега зависи исклучиво од Министерството за финансии и Владата. Се надеваме дека тие во најбрз рок ќе ја донесат оваа одлука, исто како што тоа го прават и за други проекти. Веруваме дека нема повторно да се кочат процесите, бидејќи штети трпат единствено родителите и децата во општина Центар“ велат тие.

 

Општина Центар за изведувач на објектот го избра конзорциумот составен од „Пелагонија“ од Гостивар и „Вардарградба“ од Скопје. Проценетата инвестиција е околу 4,8 милиони евра, а со проектот ќе се обезбеди современо следење на настава за 500 ученици од населбата Капиштец. Одлуката за изградба на новото училиште доаѓа откако општина Центар ја смени одлуката на претходното раководство на општината да се гради „барокна“ катна гаража кај НИП „Нова Македонија“ со подигнатиот кредит од Комерцијална банка.