Претходна статија
Уште една „барокна“ фасада ќе се изведува на улица „Македонија“
Следна статија
„Настел“ бара извинување од ДОМ за новиот објект во Тафталиџе

Топлинската енергија од Железара може да дојде и до општина Аеродром

Објавено на 03.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Жителите на скопската општина Аеродром во претстојниот период би можеле да бираат од каде ќе ја купуваат топлинската енергија за нивните домови. Ова би се овозможило ако анализите на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) покажат дека е исплатливо и изводливо да се дистрибуира енергијата од скопската железарница до населбите Аеродром и Ново Лисиче. ЕЛЕМ ја избра фирмата „Топлификација-Инженеринг“ од Скопје за изработка на физибилити студија за проширување на топловодната мрежа кон овие две населби, но и кон индустриските зони во Автокоманда и старата населба „Годел“.

 

 

 

 

По евентуалната изградба на мрежата, корисниците би можеле да се приклучат на комбинираната термоелектрана – топлана „Енергетика“ во железарницата. Пред да се донесе конечната одлука, неопходно е во наредните 10 месеци да се подготви најпрво советодавниот документ. За подготовка на студијата се издвоени финансиски средства во висина од 2.360.000 денари од страна на ЕЛЕМ.

 

Ако се покаже како исплатлив, проектот на ЕЛЕМ може да донесе конкуренција во снабдувањето со топлинска енергија во најголемата скопска населба. Токму жителите од општина Аеродром беа меѓу најмногубројните скопјани во исклучување на своите радијатори од централниот систем за греење. Доколку се изгради топловодна мрежа, тогаш тие би добиле можност за избор. Погонот „Енергетика“ во моментов испорачува топлинска енергија за корисници од населбите Автокоманда, Хиподром и Железара.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk