Претходна статија
Промовирани пет реконструирани фасади на објекти во Гостивар
Следна статија
Заврши изградбата на магистралниот гасовод Клечовце - Штип

26 километри нова канализациона мрежа во Куманово

Објавено на 29.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски денеска го означи почетокот на градежните работи на проектот за реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Куманово. Капиталниот зафат опфаќа подземна инфраструктура во должина од 26 километри, односно речиси 20% од целокупната канализациона мрежа во градот. Првиот човек на Општина Куманово денеска изврши увид во изведбата на фекалниот колектор во должина од 3.524 метри во селото Речица и во реализацијата на фекалната канализација на улиците „Перо Чичо“, „Перо Шварц“, „Моша Пијаде“ и „Народна револуција“ во должина од 1.040 метри.

 

*Извор на фотографија: Општина Куманово

 

Во селото Речица се користат финансиски средства од Европската банка за обнова и развој во износ од 24,7 милиони денари. На проектот работи градежната фирма „Жикол“ од Струмица, а се очекува градежните работи да бидат завршени претстојната есен. Наспроти овој зафат, на санирањето на канализационата мрежа во Куманово ќе се работи во наредните една и пол година. „Еден проект кој исто така е во опфатот на ИПА, 4.200.000 евра. Многу значаен бидејќи ова е стара канализација, луѓето имаат сериозни проблеми, а и патната инфраструктура е доста нарушена“ вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

 

Од Општината информираа дека во наредниот период ќе се отпочне со работа и во месноста Гладно Поље. Паралелно со завршувањето на активностите на терен на една локација, локалните власти ќе стартуваат со реконструкција на канализационата мрежа на други места. Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска најави дека по овој проект ќе следува и санација на патната инфраструктура на дел од локациите, кои досега не биле санирани токму поради планираниот зафат на подземната инфраструктура.