Претходна статија
Ентериерно се уредува Куќата на Робевци во Охрид
Следна статија
Булеварот „Партизански одреди“ со шест ленти и во Ѓорче Петров

Стартуваше изградбата на најавената леарницата кај Пробиштип

Објавено на 26.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во индустриската зона „Неокази“ близу Пробиштип денеска започна изградбата на новата леарница на фирмата „Кранфилд Фаундри“. Индустрискиот објект ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни и во него ќе се леат делови за монтажната, железничката и автомобилската индустрија. Се работи за инвестиција во висина од 15 милиони евра, а планирани се 250 до 300 вработувања.

 

#

 

 

Парцелата од 84.465 метри квадратни беше продадена по цена од 71 денари за метар квадратен во јули минатата година. Објектот покрај хала за топење на челик и технолошка линија за леење ќе содржи и машинско одделение, постројка за подготовка на песок за калапи и административен простор. Во рамки на индустрискиот процес предвидено е да се топи отпадно железо и челик во две индуктивни печки со капацитет од 100.000 тони годишно.

 

Леарницата е прва инвестиција во новата индустриска зона кај „Неокази“, на околу 1,5 километри од Пробиштип. И покрај најавените вработувања, локалното население стравува од загадување и жестоко се противи на изградбата на тешка индустрија од вков вид на оваа локација, особено поради фактот што леарницата како суровина ќе користи секундарно железо.