Претходна статија
Отворена новата фабрика на американски „Гентерм“ во Прилеп
Следна статија
Започна изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп

МОК трага по архитектонски труд за „олимписка куќа“ во Скопје

Објавено на 21.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) денеска го објави вториот по ред Конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за изградба на „олимписка куќа“ во Скопје. Станува збор за проект кој вклучува изведба на административно-деловен објект, со музеј и одделен клуб-ресторан во склоп на идното здание. Архитектите и заинтересираните бироа треба да исполнат десетина критериуми кои претставуваат почетна точка при оценувањето на авторските творби од страна на оформената жири-комисија. Меѓу нив, МОК трага по решение кое ќе понуди креативност и инвентивност, но и ќе овозможи успешност во воспоставувањето на нов архитектонски контекст и дооформување на постоечкиот.

 

 

 

Распишаниот Конкурс е отворен за аплицирање до 21 октомври, како краен датум до кога авторите треба да ги достават своите трудови до Македонскиот Олимписки Комитет. Жири-комисијата на најуспешното архитектонско дело ќе му додели прва награда во износ од 100.000 денари, авторот на второнаградениот труд ќе се стекне со 60.000 денари, додека третата награда е предвидено да изнесува 30.000 денари. Новиот архитектонски Конкурс следува по првичниот неуспешен обид да се избере соодветно решение за планираната „олимписка куќа“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk