Претходна статија
Пет нови станбени згради ќе никнат во населбата Маџари
Следна статија
Трет оглас за „барокизација“ на објектот „Ибни Пајко“ во Скопје

Нова приватна болница ќе се гради во Карпош 3 пред „Филип Втори“

Објавено на 13.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Карпош го огласи на продажба земјиштето на кое се наоѓа некогашниот Парк на толеранцијата во населбата Карпош 3. Градежната парцела пред Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ се продава по почетна цена од 1.400 денари за метар квадратен. На атрактивната локација од 3.773 метри квадратни е зацртано да се гради приватен здравствен објект, при што идниот инвеститор ќе може дел од зградата со приземје и шест ката да ја адаптира за хотелски комплекс, мали комерцијални и деловни дејности и за спортски активности. Целокупната постапка за продажба на градежното земјиште треба да се заврши во текот на летните месеци.

 

 

 

Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите понуди најдоцна до 15 август, а продажбата ќе се изведе со електронско јавно наддавање закажано за 18 август. По отуѓувањето на локацијата, најповолниот понудувач ќе има девет месеци за да обезбеди одобрение за градење од општина Карпош, а објектот ќе треба да го изгради во рок од четири години по добивањето на градежната дозвола.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk