Претходна статија
Општина Струга повторно ќе гради дрвен мост преку Дрим
Следна статија
Повторно актуелизирано продолжувањето на булевар „Илинден“

Продолжува доградбата на општинската зграда во Охрид

Објавено на 12.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Охрид го продолжува проектот за доградба на општинската зграда. Проектот почнат од претходното раководство на општината пред четири години треба да резултира со ново крило на објектот, со површина од 1.500 метри квадратни. Во зградата треба да се завршат столарските работи, поставувањето на лифт, браварските работи и инсталирањето на систем за ладење и греење. Од локалниот буџет за довршување на објектот се издвоени над 7,9 милиони денари. Севкупните активности треба да се комплетираат во рок од 12 месеци.

 

Со доградбата на општинската зграда ќе се реши проблемот со недостиг на простор за охридската администрација. Зданието со приземје и два ката се гради од 2012 година, позади постоечкиот објект на локалната самоуправа во центарот на Охрид.