Претходна статија
Нема да се менуваат фасадите на МОБ и на НУБ „Св. Климент Охридски“
Следна статија
Енергетски ефикасна фасада на објект на булевар „Климент Охридски“

ИЗИИС стана Институт од втора категорија под покровителство на УНЕСКО

Објавено на 05.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска беше потпишан договор меѓу Република Македонија и оваа специјализирана агенција на Обединетите нации, со кој Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ќе стане Институт од втора категорија под покровителство на УНЕСКО. Договорот го потпишаа директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски, генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и в.д. амбасадорот на Република Македонија во Париз Габриел Атанасов. Со востанувањето на овој центар, нашата земја ќе даде придонес во насока на преземање превентивни мерки од природните катастрофи во светот.

 

Апликацијата на Република Македонија за основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје како Институт под покровителство на УНЕСКО од Категорија 2 беше потврдена за време на 37-та Генерална конференција на агенцијата одржана пред три години во Париз.