Претходна статија
ГТЦ повторно во опасност, владата или граѓаните ќе бидат поупорни?
Следна статија
СДСМ бара од компаниите да не учествуваат на тендери за „барокизација“ на Скопје

Се гради Дом за стари лица во Илинден

Објавено на 03.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Општина Илинден започна изградбата на новиот старечки дом „Втора младост“, со капацитет за сместување на 150 лица. Инвеститорот „Адора инженеринг“ планира да вложи 4,5 милиони евра во овој проект. Објектот ќе има приземје и пет ката и во него ќе бидат вклопени адекватни содржини за здравствена заштита, забава и рекреација на возрасните лица, а ќе бидат вработени и 30-тина специјалисти за нивна грижа.

 

 

 

„Целта на „Адора инженеринг“ е со овој инвестициски зафат, што се реализира на атрактивна локација до главната сообраќајница во Општина Илинден, во Македонија да се понуди европски квалитет на нега, грижа и живеење во комплексот „Втора младост“, каде што возрасната популација ќе може во квалитетни услови да домува“, вели сопственикот на „Адора инженеринг“ Ванчо Чифлиганец.