После тримесечна работа, фирмата „Бауер БГ“ заврши со градежните работи на улицата Благоја Стефковски во Маџари. Темелно се реконструирани 800 метри помеѓу булеварот Александар Македонски и улицата Методија Андонов Ченто. Стариот бетонско-асфалтен коловоз беше отстранет и се постави нова коловозна конструкција со тампонски слој и нов асфалт со дебелина од 15 сантиметри. Исто така се постави атмосферска канализација со профил од 800 милиметри во должина од 562 метри и се обновија тротоарите кои добија ширина од два метри и се поплочени со бехатон плочки. На дел од тротоарите сеуште се работи. Зафатот ја чинеше градската каса 26 милиони денари. Свеченото сечење лента го извршија градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.