Претходна статија
Јубилејна „Критична маса“ за поддршка на зелениот превоз во земјава
Следна статија
Монтажен паркинг ќе се гради кај трговскиот центар „Буњаковец“

Изложба и промоција на книгата „Херои за еден ден“

Објавено на 27.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во објектот на Македонската опера и балет (МОБ) утре ќе се отвори изложба и промоција на книгата „Херои за еден ден“, која се навраќа кон трите урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје. Изложбата фрла задлабочен поглед на трите дела (Културен центар-Скопје, Универзитетски центар-Скопје и Природно-математички факултет-Скопје) на познатите словенечки автори од љубљанското „Биро 71“ (Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер, Марјан Уршич), Марко Мушич и Едвард Равникар.

 

 

„Изложбата одново ги согледува делата на трите словенечки автори/бироа, чии градби во Скопје станаа клучни обележја, дефинирајќи „градови во градот“. Покрај изложбената поставка, на утрешниот настан ќе биде промовирана книгата „Херои за еден ден – Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“, а ќе се одржи и модна ревија на македонскиот бренд за современа мода LUDUS. Иницијатори и креативни директори на изложбата и на публикацијата се архитектот Даниел Серафимовски и уметницата Нада Прља.

 

Изложбата и публикацијата се овозможени од Амбасадата на Република Словенија во Скопје. Изложбата е дел од прославата на словенечкиот национален ден и на 25-те години независност на Република Словенија и е во рамките на Скопско лето 2016.