Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор со „Гранит“ од Скопје за реконструкција на автопатската делница од Неготино до Демир Капија. Трасата во должина од 15,4 километри треба да биде целосно завршена во рок од три и пол години. Овој сегмент од паневропскиот Коридор 10 беше изграден во 2005 година, но во моментов се неопходни активности за рехабилитација и корекција на претходниот зафат. Според објавените податоци од Бирото за јавни набавки, реконструкцијата на автопатот Неготино-Демир Капија ќе чини над 305 милиони денари, односно речиси 5 милиони евра.
На тендерската постапка, започната на почетокот од февруари годинава, учествуваа шест компании, но понудата на „Гранит“ беше избрана за најповолна. Рехабилитацијата на постоечкиот коловоз ќе се врши во согласност со изработената проектна документација од фирмата „Геинг КуК Интернешнл“.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk