Претходна статија
Седум железнички станици реконструирани, уште четири се предвидени
Следна статија
Во Богданци се продаваат парцели за изградба на откупно - дистрибутивни центри

Ќе се уредува Паркот на природата Езерани покрај Преспанското езеро

Објавено на 20.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Ресен денеска распиша оглас за избор на изведувач што ќе го уреди Паркот на природата Езерани, лоциран на дел од крајбрежјето на Преспанското езеро. Со зафатот е предвидено да се постави урбана опрема, информативни табли и други содржини кои ќе бидат во функција на развој на екотуризмот. Изведувачот ќе има рок за реализација на проектот од четири месеци, а доколку се земат во предвид и роковите за законските процедури во меѓувреме, се очекува проектот да се комплетира на почетокот на декември. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 12 јули, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

Паркот на природата „Езерани“ опфаќа површина од над 2.000 хектари во сливот на Преспанското езеро кај Голема река. Богатиот еко-систем поседува 217 видови на птици. Пред четири години овој атрактивен локалитет беше прогласен со закон како Парк на природата, односно истиот беше деградиран за четири нивоа на заштита од неговата претходна категоризација како резерват.