Претходна статија
Штип догодина со нова рекреативна велосипедска патека
Следна статија
Изградбата на Антички театар во Скупи ќе проголта 7 милиони евра!

Втор тендер за изградба на системот за наводнување Равен – Речица

Објавено на 16.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Откако првиот тендер заврши без избор на изведувач на градежните работи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави вториот по ред повик за реализација на системот за наводнување Равен – Речица. Со проектот е предвидено да се реализира главниот довод за наводнување, со кој во Полошкиот регион ќе се снабдуваат со вода околу 3.200 хектари земјоделско земјиште. Проценетата вредност на проектот изнесува 769.241.566 денари, односно околу 12,5 милиони евра без вклучен ДДВ. Системот за наводнување Равен – Речица треба да се заврши во целост за најмногу пет години. Заинтересираните градежни фирми за учество во тендерската постапка треба да ги поднесат своите понуди најдоцна до 4 август.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk