Претходна статија
Втор тендер за изградба на системот за наводнување Равен - Речица
Следна статија
Започна изградбата на новата еко-населба „Александрија“

Изградбата на Антички театар во Скупи ќе проголта 7 милиони евра!

Објавено на 16.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе гради огромен Антички театар на локалитетот Скупи се обвистинува. Управата за заштита на културното наследство потпиша договор со фирмата „АК Инвест“ од Тетово за реализација на замислениот објект, кој ќе собира дури 9.000 гледачи. Театарот треба да претставува реплика на дамнешниот објект кој припаѓал на римскиот тип театри и бил украсен со мермерни архитектонски елементи. За овој владин проект од државниот буџет ќе се потрошат 433.368.965 денари, односно 7 милиони евра.

 

 

 

Од Управата за заштита на културното наследство се одлучиле во изградбата на Античкиот театар да користат травертин, од кој бил издигнат објектот и пред неколку векови наназад. Според владиното објаснување за проектот дадено во изминатиов период, самиот комплекс ќе се користел за изведба на настани од областа на културата. Проектот за издигнување на Антички театар во Скупи го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на почетокот од февруари годинава.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk