Претходна статија
Општина Зелениково упорна во пронаоѓањето инвеститор за голф терени
Следна статија
Догодина ќе започне реконструкцијата на Универзална сала

Лани регистрирани нови 1.061 дивоградби низ целата земја

Објавено на 10.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владиниот проект за легализација на бесправно изградените објекти не го спречи во целост издигнувањето на дивоградби низ македонските општини. Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2015 година на територијата на Република Македонија биле регистрирани 1.061 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 232 објекти за домување (21,9%), 163 доградби, надградби и адаптации (15,4%), 104 деловни објекти (9,8%), 82 гаражи (7,7%), 164 огради (15,5%), 18 скалила (1,7%), 26 тераси (2,5%), 11 летни тераси (1%), 78 настрешници (7,4%), 55 времени објекти (5,2%) и 128 помошни објекти (12,1%).

 

Најголем дел од бесправно изградените објекти (98,4%) се во приватна сопственост, а помеѓу дивоградбите еден објект е и во државна сопственост. Меѓу градовите, најмногу објекти без соодветна документација лани биле регистрирани во Скопје (289), а потоа следува Куманово со 70.