Македонски железници – Транспорт одлучи од недела, 12 јуни да воведе нови патнички возови на релациите Скопје-Битола-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Наместо постоечките пет воза дневно, на релацијата меѓу Скопје и Битола ќе сообраќаат по шест пара возови. На релацијата од Скопје до Кичево се воведуваат два пара воза, со поаѓање од Скопје во 2:50 и во 16:50 часот, и со тргнувања од Кичево за Скопје во 5:33 и 19:30 часот. Кон Кочани, исто така, ќе сообраќаат два воза, и тоа од Скопје за Кочани во 1:54 и 15:22 часот, додека од Кочани за Скопје во 5:00 и во 19:30 часот.
Најголем бенефит од воведувањето на новите возови ќе имаат патниците што патуваат меѓу Скопје и Велес. Со измените во возниот ред се предвидени 14 пара возови дневно на оваа релација, при што првиот ќе поаѓа во 1:40, а последниот во 22:40 часот од Скопје. Во обратен правец, првиот воз од Скопје за Велес ќе тргнува во 5:03 часот, додека последниот во 23:07 часот. Железничкиот патнички сообраќај кон Табановци, Гевгелија и Волково останува непроменет. Кон Табановце ќе сообраќаат шест пара, кон Гевгелија три пара, додека кон Волково ќе сообраќа еден пар возови дневно. Дел од воведените возови ќе се покриваат со новите кинески моторни гарнитури, во комбинација со досегашниот возен парк на МЖ – Транспорт.
» Форумска дискусија за возниот ред на патничките возови во Македонија