Претходна статија
Цената на гасоводот Штип - Неготино достигна 18,6 милиони евра
Следна статија
Ќе се гради нов плоштад спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“

Автопатот од Коридор 10 ќе се комплетира до 2017 година

Објавено на 09.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

До 2017 година треба целосно да се изгради автопатот од Коридорот 10 што минува низ Македонија, заедно со планираната реконструкција на оние делници што моментално се во лоша состојба. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска информираше дека во моментов во полна фаза на градба е делницата Демир Капија – Смоквица со должина од 28,2 километри. Инвестицијата во висина од 210 милиони евра ќе биде завршена во предвидениот рок. Периодов се реконструкција делницата од Смоквица до Гевгелија, која е со должина од 10,15 километри и е во вредност од 4,2 милиони евра. Досега се комплетирани 20% од градежните работи и очекувањата се дека истата ќе биде завршена до крајот на 2016 година.

 

* Автопатската делница Демир Капија - Смоквица во изградба

 

Во тек е и реконструкцијата на автопатот Куманово – Скопје во должина од 23 километри, кој треба да биде завршен во рок од 15 месеци. Владиниот портпарол Ѓорѓиев најави дека наскоро ќе започне и санацијата на автопатската делница Неготино – Демир Капија. Од извршната власт денеска информираа дека во изминативе години била завршена автопатската делница Табановце – Куманово, а целосно реконструирана во двата правци делницата Катланово – Велес.

 

 

» Форумска дискусија за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица

 

» Форумска дискусија за реконструкција на делници од Коридорот 10