Претходна статија
770.000 евра за ново зеленило во центарот на Скопје
Следна статија
МОБ ќе ја дочека новата концертна сезона во реновирана сала

Се реконструира државниот пат Кочани – Делчево

Објавено на 06.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на државниот пат Кочани – Делчево. Патната делница во должина од 30 километри треба да биде санирана во рок од 18 месеци. Најпрво ќе се работи на санирање на свлечиштето што во изминатиов период го попречуваше сообраќајот на патот пред Македонска Каменица, по што ќе следи и проширување на трите моста, како и гребење на постојниот и поставување на нов асфалт и патна сигнализација. Државниот пат Кочани – Делчево е дел од пакетот за реконструкција на македонските патишта, во кои моментно се инвестираат од 80 до 90 милиони евра.

 

 

 

Градежните работи ги изведува „Гранит“, врз основа на проектната документација за рехабилитација на патот изработена од „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје. За реализација на изведбените активности на овој патен правец се издвоени 369.051.205 денари, односно околу 5,9 милиони евра.