Претходна статија
Без големи придвижувања кај бројката на завршени станови во 2015 година
Следна статија
Oд Скопје до Софија со воз во 2020 година

Ревизорските извештаи за работењето на Град Скопје ја разбрануваа јавноста

Објавено на 03.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска побара Јавното обвинителство да побара одговорност од скопскиот градоначалник Коце Трајановски за најновите ревизорски извештаи за 2015 година. „Пробиени рокови, неуплатени гарантни суми на изведувачите, безброј анекс договори, омилени за ВМРО-ДПМНЕ, со кои се зголемува основната вредност на објектите и се перат пари. Склучени договори со еден изведувач, потоа раскинат договор и избран на пола работа друг изведувач. Нови фантомски договори за непредвидени работи во висина од над 1 милион евра. Промашување на тендерската цена за катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“, ни помалку ни повеќе, за неверојатни над 1 милион евра“, вели Александар Наумовски од СДСМ.

 

 

 

Во текот на денешниот ден стигна реакција и од Град Скопје за наводите на опозициските социјалдемократи. „Во ревизорскиот извештај што го спомнувате тврдите дека се укажува на бројни злоупотреби во работењето на Град Скопје. Во врска со ова, сакаме да ве повикаме да не го читате овој ревизорски извештај селективно, зашто во истиот извештај не се најдени никакви „криминали“, како што вие тврдите и обвинувате. Град Скопје ги повикува сите надлежни институции да ја проверат целокупната документација во врска со кој било проект на Град Скопје и да се уверат во законитоста на постапките при спроведувањето на капиталните објекти“, велат од Град Скопје.