Претходна статија
Индустриската зона во Визбегово функционира без инфраструктура
Следна статија
Неправилности во изградбата на дел од катните гаражи во Скопје

Жителите на Тафталиџе 1 со нова акција против уништувањето на паркот

Објавено на 31.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Жителите на скопската населбата Тафталиџе 1 бараат од општина Карпош да им овозможи увид во одобрението за градење за новата станбена зграда, која е предвидено да никне на местото на постоечкиот парк. Од иницијативата „Зелено Тафталиџе“ посочуваат дека имаат информации околу тоа дека АДСДП е носител на правото на градење на парцелата, но и дека тие како непосредни соседи не се известени од инвеститорот и од општина Карпош за отпочнување на градењето. „Од таа причина, бараме да ни овозможите увид во предметот по издадено Одобрение за градење, како би можеле да ги оствариме своите права и интереси, за што до општината имаме доставено и барање за спречување отпочнување со изградба на овој објект“, велат од иницијативата.

 

 

 

Жителите од Тафталиџе 1 веќе неколку денови наназад собираат потписи на петицијата против изградбата на нов објект на местото на маалскиот парк. Пред неколку дена тие испратија и барање до градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски да ги заштити од уништувањето на последната зелена површина во населбата. „Ние жителите на Тафталиџе 1, крајно незадоволни и револтирани, бараме од Вас, како татко на Општината, да преземете мерки за спречување на реализацијата на овој план на ГП 5.44, што би значело државата, односно АД за стопанисување со станбен и деловен простор да се откаже од градењето и маркицата да биде избришана од ДУП-от“, се вели во апелот од граѓаните до првиот човек на општина Карпош.