Општина Гостивар денеска објави Конкурс за изработка на идејно решение за централното градско подрачје. Очекувањата се дека архитектонската јавност ќе достави предлози за моделирање на постоечкото градско јадро, во труд што ќе претставува основа за натамошниот развој на центарот на Гостивар. Изготвените проекти треба да се достават до Општина Гостивар најдоцна до 1 јули. Изборот на најквалитетното идејно решение ќе го врши жири – комисија во состав: Сабри Сулејмани, Сефедин Билали и Јетон Салија.