Македонски железници – Транспорт ќе воведе два нови воза дневно на релацијата Скопје – Битола – Скопје. Од 1 јуни ќе сообраќаат по седум воза дневно од Скопје до Битола и обратно. Од вкупно седум поаѓања, дури четири ќе бидат деловни и ќе застануваат единствено на станиците во Велес, Чашка, Богомила и Прилеп. Со новиот возен ред меѓу овие два града ќе се патува за два и пол часа, што е побрзо и поевтино во споредба со автобускиот превоз. Деловните линии ќе бидат одржувани од новите кинески возови, додека на трите пара патнички возови ќе сообраќаат старите моторни гарнитури.
Железничките билети за идните деловни линии меѓу Скопје и Битола ќе се продаваат со задолжителна резервација на седиште за секој патник. Возовите ќе им понудат повисоко удопство на патниците, поаѓајќи од фактот дека се опремени со телевизор, интернет, кабел за напојување на компјутери и мобилни уреди, клима уред, а се приспособени и за патување на лица со инвадитет. Во новите гарнитури нема простор предвиден за пренос на велосипеди, со што се исклучува можноста за транспорт на овие превозни средства. Покрај новите возови меѓу Скопје и Битола, од Македонски железници – Транспорт засега не предвидуваат дополнителни промени во постојниот возен ред.
Текст, фото: Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk