Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: „Рециклиран град“
Следна статија
Надворешните притисоци немале удел во развојот на пост - земјотресно Скопје

Жерновски бара објаснување од Општина Чаир за трите споменици

Објавено на 23.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски денеска упати допис до градоначалникот на Чаир, во кој бара информации за ангажманот на локалните власти од Чаир околу поставувањето на спомен – обележјата ноќта помеѓу 21 и 22 мај на територијата на Општина Центар. Општина Центар го објави јавно дописот на нивната веб-страница, со цел и македонските граѓани да се запознаат со содржината на истото. Градоначалникот Жерновски пишува дека за поставувањето на трите споменици дознал од медиумите, иако како локална самоуправа токму Општина Центар е носител на договорот за набавка на истите.

 

„Имено, Вие како општина, издадовте соопштение до медиумите дека давате логистичка поддршка за поставување на спомен-обележјата“, се вели во дописот од градоначалникот Жерновски. За да може Општина Центар да ги извршува своите законски надлежности и да постапи согласно Договорите за јавна набавка за лиење во бронза на спомен – обележјата, склучени уште во 2012 година, градоначалникот Жерновски постави две прашања до Општина Чаир. Со првото прашање, локалните власти од Центар сакаат да дознаат во кој дел Општина Чаир имала свој ангажман околу поставувањето на спомениците. Со второто прашање, Општина Центар сака да знае согласно кој закон и кои законски надлежности, Општина Чаир асистирала или давала логистичка поддршка за поставување на спомен-обележја на територијата на Општина Центар.

 

Спомениците на Неџат Аголи, Јосип Багери и Пјетар Богдани беа поставени во центарот на Скопје во саботата, во 1 часот по полноќ.