Штипската градежна компанија „Бетон“ бележи висока добивка и во услови на криза. Првиот квартал од 2016 година на овој субјект му донесе зголемена финансиска добивка за повеќе од 8,5 пати. Според публикуваните информации од Македонската берза, профитот на компанија во периодот јануари-март 2016 година нараснал на 20.486.000 денари, што е за 862% повеќе во споредба со истиот период лани. Оперативните приходи се зголемени за 72% и достигнале 200.983.000 денари.
Во делот на оперативните расходи, градежната компанија во првите три месеци од 2016 година бележи нивно зголемување од 58%, односно истите изнесуваат 173.054.000 денари. Изнесените податоци се публикувани во најновиот консолидиран и неревидиран биланс на успех на „Бетон“ од Штип, вклучувајќи ја и фирмата „Омега билдинг“.