Претходна статија
Свеченост по повод приемот на Георги Константиновски за почесен член на МАНУ
Следна статија
„Чех ерлајнс“ повторно ќе лета од Скопје до Прага

„Џонсон Контролс“ гради нова фабрика во Струмица

Објавено на 19.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Американската компанија „Џонсон Контролс“ денеска започна со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Струмица. Во новиот погон на површина од 13.000 метри квадратни ќе се произведуваат делови за прекривки за седишта за автомобилската индустрија. Висината на инвестицијата изнесува 20 милиони евра, а предвидено е фабриката да вработи околу 1.500 лица. Производствениот капацитет треба да биде пуштен во употреба до април 2017 година. Производите од новата фабрика од индустриската зона во Струмица ќе се пласираат на европскиот пазар.

 

„Успешниот развој на нашата фабрика во Штип и успешната соработка со македонската Влада неколку години наназад го подготвуваше нашиот пат за следниот чекор за новата фабрика во Струмица“, изјави Владимир Теплик, потпретседател за операции во „Џонсон Контролс“. Идната фабрика во Струмица е втор по ред производствен погон на американската компанија во нашата земја. Кон крајот на јануари 2014 година, „Џонсон Контролс“ го отвори својот прв индустриски објект во ТИРЗ Штип.