Претходна статија
„Гранит“ ја зголеми добивката за 10% во првиот квартал од годинава
Следна статија
Избрани идејни решенија за уредување на плоштадот во Крива Паланка

Отворен првиот дел од фудбалската Академија на ФК „Вардар“

Објавено на 16.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По една и пол година од почетокот на градежните работи, „СИС Балкан“ ја заврши изградбата на првиот објект од фудбалската Академија на ФК „Вардар“. Градскиот парк во Скопје доби уште еден спортски комплекс, кој вклучува две осветлени фудбалски игралишта со вештачка трева и објект со шест соблекувални, предавална за теоретска и практична настава, канцеларии за администрацијата, економат, технички и помошни простории. Досегашните градежни активности се само дел од комплексот, кој е предвидено да се простира на површина од 14.100 метри квадратни.

 

* извор на фотографии: ФК „Вардар“

 

 

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко во претстојниот период планира да инвестира во вториот дел од проектот, за кој вчера беше поставен и камен-темелник. Втората зграда ќе понуди содржини од јавен карактер, вклучувајќи спортска кантина, подземна гаража, фан-шоп со навивачки реквизити од фудбалскиот клуб „Вардар“, како и клубски музеј во кој ќе биде претставена историјата на овој клуб. Инвеститорот очекува дека градежните работи ќе бидат комплетирани на почетокот од 2017 година.

 

 

 

Како и во првиот дел од проектот, градежните работи на терен ќе ги изведува фирмата „Балкан констракшн груп“, која исто така е во сопственост на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Проектната документација ја изготви истата компанија, врз основа на архитектонскиот труд на авторката Тања Добровотски. Надзорот над градежните работи ќе го врши фирмата „Мегарон Инженеринг“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект