Претходна статија
96,7% од велосипедистите во Скопје секојдневно возат низ Центар
Следна статија
ЕЛЕМ инвестира во рударска механизација за РЕК „Битола“

Нов деловен објект на „ПроКредит“ банка во Карпош 3

Објавено на 15.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#„ПроКредит“ банка се пресели во новоизградениот деловен објект во скопската населба Карпош 3, на аголот помеѓу булеварот Илинден и улицата Манапо. Зградата има приземје и четири ката и е поделена на канцелариски простор наменет за централната управа, како и површина предвидена за експозитура на банката. Проектот е реализиран во согласност со најновите достигнувања во областа на енергетската ефикасност и обновливата енергија. Објектот располага со 100 волтаици за производство на електрична енергија за сопствени потреби, има сопствени полначи за електрични возила, како и зелени градини на терасите. Вградени геотермални пумпи за ладење и греење на просториите, поставено е штедливо осветлување, како и енергетски ефикасна фасада.

 

Покрај задоволувањето на строгите мерки за енергетска ефикасност, новиот деловен објект е со минимална емисија на јаглерод диоксид во воздухот, со што истиот ќе придонесе за зачувување на животната средина. Проектната документација ја изработи скопското студио „Радиус Архитекти“, а градежните работи ги изведуваше фирмата „Ривер Девелопмент“. Целокупните активности за изградба на новиот објект на „ПроКредит банка“ беа завршени за помалку од една и пол година.