Градежната компанија „Бетон“ од Скопје остварила зголемена добивка од 7% во првите три месеци од 2016 година. Според неконсолидираниот и неревидиран извештај објавен од Македонска берза, во првиот квартал од годинава била остварена финансиска добивка од 20.694.000 денари. Компанијата не остварила приходи од продажба на странскиот пазар, но затоа пак од капитализираното сопствено производство и услуги е остварен раст од речиси 3,5 пати во споредба со периодот јануари-март 2015 година. Оперативните приходи на скопски „Бетон“ изнесувале 536.107.000 денари, што претставува раст од 10% во споредба со истиот период лани.
Во делот на оперативните расходи, забележано е намалување од 7% во однос на првото тримесечје од 2015 година, односно истите изнесувале 483.753.000 денари. „Бетон“ од Скопје имал најголем раст на расходите поради зголемената вредност на трошоците за суровини и други материјали, за кои се потрошени за 47% поголеми средства во споредба со ланскиот период.