Претходна статија
Отворен хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје
Следна статија
Странските пазари недостижни за македонските градежници

Граѓаните сè помалку го користат такси превозот

Објавено на 12.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Бројот на патници во такси превозот од година во година опаѓа, иако таксистите од македонските градови не се откажуваат од оваа дејност. Услугите на такси превозот лани ги користеле 25.855.000 патници, од кои 22.174.000 патници биле превезени во градскиот превоз, додека останатите спаѓаат во меѓуградскиот транспорт. Споредено со 2014 година, такси превозот бележи надолен тренд на корисници од речиси 2 милиони патници. Државниот завод за статистика во 2014 година регистрирал 27.755.000 патници, додека една година претходно било констатирано дека такси услугите ги користеле дури 40.413.000 патници.

 

 

 

Во најновото соопштение од Државниот завод за статистика се вели дека низ македонските градови сообраќаат 2.414 патнички автомобили. Наспроти лани, во 2014 година бројот на таксисти по градовите изнесувал 2.372. Со истражувањето за такси превозот е опфатени 2.414 патнички автомобили од 208 извештајни единици.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk