Градежните екипи забрзано работат на реконструкција на регионалниот пат Тетово – Брвеница – Гостивар. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска извршија увид во асфалтирањето на овој патен правец во должина од 16,7 километри. Периодов се завршија 80% од активности на проектот, додека свеченото пуштање во употреба се очекува за август или септември годинава. Истовремено, на неколку места се врши проширување на коловозот за да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.
„Моментално го работиме овој патен правец, претходно го завршивме Тетово-Пирок-Гостивар и уште пет локални патишта“, посочи директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов. Проектната документација за реконструкција на патниот правец ја изготви „Градежен институт Македонија“.