Претходна статија
До септември ќе биде реконструиран патот Тетово - Брвеница - Гостивар
Следна статија
Општина Аеродром нарача проекти за уште две нови детски градинки

Македонските тунели ќе ги огрее светлина

Објавено на 10.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Конечно се најдоа пари и за модернизација и санација на тунелите долж македонските патишта. Тендерот за санација, поставување сигнализација и обележување на тунелите го доби „Синтек“ од Скопје. Фирмата ќе треба да го спроведе проектот во период од 36 месеци, за што од касата на Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат префрлени 19,7 милиони денари. Со зафатот ќе се изврши комплетна промена на осветлувањето, белење на ѕидовите од тунелите и нивно обележување со флуоресцентни бои. Со модернизацијата на овие инфраструктурни објекти треба да се зголеми безбедноста на македонските патишта.

 

 

 

Најголем дел од македонските тунели долж патиштата во моментов се неосветлени, со релативно застарена сигнализација и се подложни на оштетување од надворешни атмосферски влијанија. Целосно реконструирани се единствено тунелите на автопатот од Скопје до Велес, кој беше саниран пред неколку години. Проектот за санација и модернизација на тунелите беше најавен уште пред четири години, но дури денеска почнува да се реализира. За разлика од нашата земја, во многу од европските земји е незамисливо да биде пуштен во употреба патен правец без целосно изведено осветлување и соодветна инсталација на безбедносна опрема во истиот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk