Периодов се изведува санација на првата делница на регионалниот пат од Ново Село до Дебар кој има вкупна должина од 11,7 километри. Во проектот ќе се вложат 2,55 милиони евра, обезбедени преку кредит од Светската банка. Во изминативе месеци беше поставен асфалт на 6,3 километри од трасата, заедно со изведбата на патната сигнализација. Од ЈП за државни патишта информираат дека во моментов се завршени 60% од севкупните градежни работи.
Патниот правец Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар се очекува да биде комплетно реконструиран во втората половина од годинава. Во дебарскиот регион се работи и на втората делница од Бошков Мост до Дебар во должина од 8,25 километри. За овој градежен зафат се издвоени околу 2,5 милиони евра. Вкупниот прогрес кај оваа делница е 30%, така што се очекува работите да завршат до ноември 2016 година.