Претходна статија
Започна изградбата на „Светиклиментовиот универзитет“ на Плаошник
Следна статија
Охрид ќе добие електронски информативни табли

Државата ќе продава земјиште за стопански објекти и за хотели по почетна цена од едно евро за квадрат

Објавено на 15.09.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата на вчерашната седница донесе одлука за измена на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен закуп и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со јавно наддавање, по пат на прибирање на понуди и со непосредна спогодба, висината на трошоците на постапката за отуѓување и давање под закуп, како и висината на цената на земјиштето и на закупнината.


Со измените земјиштето каде е предвидено да се градат стопанско-производствени објекти и пазари, односно каде што во иднина би се граделе фабрики, стоваришта и слично, цената ќе изнесува едно евро по метар квадратен. Тоа би била почетна продажна цена, а доколку некој се одлучи за закуп, закупот ќе биде 10% од самата цена. Воедно почетната цена на јавни наддавања за градежно неизградено земјиште со намена за изградба на хотели на цела територија на државата исто така ќе изнесува по едно евро по метар квадратен. Овие мерки се донесени со цел подигање на економскиот раст и стимулирање на туризмот во Република Македонија.


Во моментов има неколку слободни локации за стопанско-производствени објекти кои се веќе имотно-правни чисти, а дел од нив се во финална фаза. Тие се наоѓаат во Охрид, Ѓорче Петров, Илинден, Демир Капија, Струмица, Штип и Велес. Во однос на земјиште за хотели, предвидени се повеќе локации и тоа во Охрид, Скопје Штип, Делчево, Кратово како и на граничниот премин Меџитлија.