Претходна статија
Кој ќе гради голф терени во скопско Зелениково?
Следна статија
Од јуни кумановчани ќе можат да го користат затворениот и отворениот базен

Ќе се комплетира уличната мрежа во некогашната битолска касарна

Објавено на 09.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Битола ќе изгради седум улици со комплетна инфраструктура во кругот на некогашната битолска касарна „Стив Наумов“. Изведбата на градежните работи ќе се одвива во наредните 15 месеци, со што тој дел од градот ќе добие целосно нов лик. „Во текот на тендерската постапка цената беше спуштена на над 1,5 милиони евра и со тие средства ќе се врши изградба на водоводна мрежа, атмосферска канализација, електрификација и асфалтирање“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески. Тој напомена дека средствата се обезбедени преку кредит од Светска банка, со добиена согласност од Министерството за финансии.

 

 

 

Локалната самоуправа со претстојниот зафат ќе овозможи натамошен развој на атрактивниот простор. Со изведбата на седумте улици ќе се регулира сообраќајната комуникација на две третини од просторот на поранешната касарна, при што новите улици ќе бидат поврзани со постојните сообраќајници во тој дел на Битола. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Гранит“ од Скопје.