Претходна статија
Распишан тендер за големиот салон на Македонска опера и балет
Следна статија
„Гранит“ ќе работи на санација на свлечишта на четири патни правци

Карпош ќе инвестира 690 илјади евра во две детски градинки

Објавено на 08.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Карпош ќе инвестира во изградба на нов објект за детската градинка „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе, а исто така и во реконструкција на клонот на оваа градинка во Тафталиџе 1. Проценките на општинската администрација се дека за обата објекти ќе бидат потребни околу 690 илјади евра. Финансиските средства за овој проект се обезбедени преку грант од Светската банка, добиен преку Министерството за финансии.