Претходна статија
Државата ќе продава земјиште за стопански објекти и за хотели по почетна цена од едно евро за квадрат
Следна статија
Улицата Илинденска прерасна во булевар Илинден

Охрид ќе добие електронски информативни табли

Објавено на 19.09.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Охрид ќе  постави нови информативни табли со екран на допир коишто ќе бидат во функција на обезбедување на информации за туристичките локалитети. Општинските власти велат дека проектот е по сугестија на повеќе странски дипломати, туристички работници и гости со што туристичкиот центар на Македонија конечно ќе добие современи уреди за информирање на туристите за познатите локалитети во овој град.


Поставувањето на првите електронски информативни табли се очекува да започне по завршувањето на отпочнатата тендерска процедура и изборот на најповолен понудувач, а средствата за оваа намена се предвидени со Планот за јавни набавки од буџетот на Општина Охрид.



Бојан Блажевски