Претходна статија
„Бауер БГ“ ќе го реконструира булевар „Христијан Тодоровски Карпош“
Следна статија
Се проблематизира тендерот за изградба на браната „Конско“

Се работи на проект за адаптација на арената „Филип Втори“ за УЕФА Супер Купот

Објавено на 04.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектантското биро „Балкан Консалтинг“ од Скопје ќе ја подготви проектната документација за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал на националната арена „Филип Втори“. Изработката на проектот претходи на планираните градежни работи, со кои ќе се исполнат условите на УЕФА за одржување на планираниот фудбалски меч во август 2017 година. Склучениот договор за изготвување на проектот помеѓу „Балкан Консалтинг“ и АДСДП е тежок 3.540.000 денари и со времетраење од 24 месеци. „Балкан Консалтинг“ во следниот период треба да ја дополни и адаптира постоечката проектна документација на бирото „Македонија Проект“, врз чија основа беше остварена реконструкцијата и надградбата на стадионот.

 

 

Покрај тоа што ќе ја спроведе ревизијата на проектната документација, „Балкан Консалтинг“ ќе го врши и надзорот врз планираните градежни работи. Со претстојниот зафат треба да се адаптираат простории од поттрибинскиот простор и гледалиштето. Националната арена „Филип Втори“ беше пуштена во употреба на 24 април 2011 година. Нејзиниот вкупен капацитет изнесува 32.580 гледачи.

 

 

» Форумска дискусија за националната арена „Филип Втори“