Претходна статија
Ќе се гради катна гаража во Охрид
Следна статија
Завршена деветтата енергетски ефикасна фасада во Општина Центар

Пуштен во употреба објектот на јавната администрација во Струмица

Објавено на 04.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за матична евиденција добија нови административни простории во Струмица. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски свечено го отворија овој административен објект, кој во минатото претставуваше полициска станица. Санациониот зафат е завршен 45 дена пред предвидениот рок, а преселбата на локалните служби ќе се одвива во наредните два месеци. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рече дека за проектот досега биле издвоени околу 50 милиони денари. Вкупната корисна површина на зградата е околу 2.200 метри квадратни.

 

* извор на фотографија: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

„Ова ќе биде многу функционален објект. Ќе заживее стариот дел од градот кој малку беше замрен. Граѓаните ќе може на едно место да си ги остварат потребите и услугите, да не одат од едно место во друго во градот и да го трошат времето. Сите шалтери се сместени во приземјето за полесен пристап и на инвалидните лица“, изјави Груевски. Во моментов течат тендерите за опремување на новите административни простории, по што објектот ќе биде ставен во функција за граѓаните. Градежните работи на новиот објект на јавната администрација во Струмица ги изведуваше фирмата „Бауер БГ“ од Скопје.