Претходна статија
Во април ќе започне санацијата на автопатот Куманово-Скопје
Следна статија
Општина Центар инвестира во надградба на училиштето „Гоце Делчев“

ЕЛЕМ ќе гради Конгресен центар во Охрид

Објавено на 01.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во охридската населба Далјан ќе се издигне Конгресен центар. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) денес го публикуваше Конкурсот за избор на идејно решение за изградба на ова здание што треба да го поттикне развојот на конгресниот туризам во Охрид. Архитектите и заинтересираните бироа имаат рок до 6 мај за да ги достават своите авторски трудови. За вреднување на пристигнатите трудови е формирана жири – комисија, во состав: Звонко Кушоски, Миле Славковски и Снежана Галовска. Државната комисија ЕЛЕМ планира да го издигне Конгресниот центар со сопствени финансиски средства.

 

Изградбата на ова здание во Охрид е предвидено да започне во првата половина од 2017 година. Конгресниот центар е зацртано да има голема сала со капацитет од 1.500 до 2.000 седишта и од четири до шест помали сали со капацитет за 200 лица. Првичните информации за издигнување на овој објект ги објави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот од февруари 2016 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk