Најдоцна за една година треба да биде изработена студијата и основниот проект за рехабилитација на хидро мелиоративниот систем „Дебарско поле“. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја избра фирмата „БАР Е.Ц.Е“ од Скопје за да ја изготви планираната документација, која ќе му претходи на градежниот зафат. Од буџетот на надлежното министерство за оваа намена ќе бидат потрошени 7.080.000 денари, односно околу 110.000 евра. Тендерот за избор на компанија што ќе ја изработи проектната документација беше објавен на почетокот од декември 2015 година.
Системот за наводнување „Дебарско поле“ не функционира повеќе од осум години. Причина за неговото неработење е континуираното крадење на пумпи, трансформатори, градежни материјали и други елементи од објектот. Хидро мелиоративниот систем е изграден во 1972 година за да обезбеди наводнување на над 600 хектари плодно земјиште од дебарскиот регион.