Претходна статија
40,2 милиони денари за ЛЕД екран на владината палата „АСНОМ“
Следна статија
Привршува изградбата на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник

Се продаваат осум градежни парцели во скопското село Орешани

Објавено на 18.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на осум градежни парцели со површина од 2.393 до 6.406 метри квадратни во скопското село Орешани, општина Зелениково. На државното земјиште е предвидено да се градат шест објекти за комерцијални и деловни намени, еден индустриски погон од лесната и незагадувачка индустрија и една бензинска станица, сите со максимална дозволена катност од П+1. Почетната цена на земјиштето за изградба на индустриски погон изнесува 61 денари за метар квадратен, за бензинска станица 130 денари за метар квадратен, додека земјиштето за комерцијални и деловни објекти има почетна цена од 250 денари за метар квадратен.

 

Заинтересираните домашни и странски инвеститори треба да ги достават своите пријави за учество на закажаната лицитација најдоцна до 14 април. Електронското јавно наддавање е планирано да се одржи на 18 април.