Претходна статија
Ќе се регулира реката Вардар во Полошкиот регион
Следна статија
Обезбеден современ простор за децата од градинката „13-ти Ноември“

Советот на Град Скопје одлучува како ќе изгледаат зградите во Скопје

Објавено на 15.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо архитекти, градски советници одлучуваат како ќе изгледаат зградите во Скопје. „Барокните“ фасади од проектот „Скопје 2014“ ќе се прошират кон населбите Кисела Вода и Карпош, опфаќајќи ги оние објекти што се лоцирани на булеварите „Теодосиј Гологанов“ и „Борис Трајковски“. Советот на град Скопје денеска требаше да ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за реконструкција и доградби на објекти во централното градско подрачје. Од Градот Скопје објаснуваат дека реконструкцијата на фасадите на објектите ќе се одвива по потреба, и тоа за оние згради кои се со оштетени фасади и со потреба од санација на конструктивниот систем.

 

 

 

„Барокизацијата“ на објекти надвор од строгиот центар на Скопје ќе се спроведе со користење на средства од градскиот буџет и од капитални трансфери од Министерството за култура. Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз денеска се спротивставија на ваквата одлука на владејачкото мнозинство во Градот Скопје. „Наместо да го прошири опфатот на атмосферска канализација, наместо да гради нови училишта, наместо да се грижи за загадениот воздух во Скопје, наместо да гради енергетски ефикасни фасади, Коце Трајановски единствено се занимава со раскошот, луксузот и криминалните нарачки на Груевски“, рече Драги Давчевски од советничката група на СДСМ во Советот на град Скопје.

 

Од СДСМ уште еднаш побараа градоначалникот Коце Трајановски под итно да си поднесе оставка. Од опозициската партија истакнуваат дека градоначалникот Трајановски се откажал од скопјани, за сметка на лудилото од раскош и луксуз на Никола Груевски.