Претходна статија
Туристички комплекс е предвидено да се гради во охридски Далјан
Следна статија
„Гранит“ забележал раст на добивката во 2015 година

Скопски „Бетон“ лани ја зголемил добивката за 30,86%

Објавено на 15.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје лани остварила позитивни финансиски резултати. Според објавените податоци на Македонската берза, фирмата забележала годишна добивка од 91.088.998 денари, што е за 30,86% повеќе во споредба со периодот јануари – декември 2014 година. Во 2015 година се остварени вкупни приходи од 3.012.172.913 денари, кои во споредба со 2014 година се повисоки за 9,18%. Во структурата на приходите најголемо учество од 93,32% имаат приходите од основната дејност на компанијата.

 

Вкупните расходи во текот на 2015 година изнесувале 2.902.861.644 денари, што е за 8,64% повеќе во однос на истиот период од претходната година. Скопски „Бетон“ лани инвестирал околу 46,6 милиони денари во градежни објекти, машини и опрема, а во оваа компанија се вработиле и 90 нови лица. Вкупните обврски на компанијата по краткорочни кредити изнесуваат 337.904.493 денари, додека пак обврските по долгорочни кредити 91.287.165 денари.