Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на улицата Аминта Трети
Следна статија
Туристички комплекс е предвидено да се гради во охридски Далјан

Се гради нов пешачки мост на реката Драгор во Битола

Објавено на 14.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во завршна фаза е изградбата на нов пешачки мост на реката Драгор во Битола. Локалните власти се одлучија за изградба на мостот на барање на граѓаните од месните заедници Даме Груев и Елпида Караманди. Инфраструктурниот објект се изведува со средства од локалниот буџет, но и со донација во износ од 1.000.000 денари. Од Општина Битола нагласуваат дека со најновиот мост на реката Драгор се реализирани 90% од програмата за реконструкција на мостовите во градот.

 

Општина Битола лани ја спроведе реконструкцијата на мостот под Безистенот во центарот на градот. Во период од неколку години, беа целосно санирани седум мостови на реката Драгор. Во рамките на проектот „Реконструкција и редизајнирање на мостовите“, беше планирано да се изградат или реконструираат осум битолски мостови.