Денеска кај транспортниот центар во Скопје беше пуштено во употреба новото паркиралиште со кое ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“. На површина од 6.840 метри квадратни, паркингот има 218 обележани паркинг места кои може да се користат по цена од 25 денари на час но постојат и опции за месечна и годишна претплата по цени од 2.000 и 20.000 денари соодветно. Паркингот се наоѓа помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“, веднаш до поштата под транспортниот центар.
Паркиралиштето е превидено да го олесни прашањето со паркинг простор во овој дел од од градот, каде освен големиот број станбени висококатници се наоѓаат и значителен број деловни објекти меѓу кои и седиштето на „One“ а во непосредна близина наскоро ќе се отвори и деловниот центар „Меги“.
Изведувачи на работите се компанијата „Беграмо инженеринг“ и ЈП „Градски паркинг“.